Најмалку 15 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала што денеска го погоди кинескиот град Лиџијанг во југозападната провинција Јунан, соопшти локалната сеизмолошка агенција.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, наведува агенцијата.

Други податоци за евентуална материјална штета засега не се соопштени.