Зголемен е бројот на срцеви и мозочни инфаркти, како и на пациенти со инфаркт на нозете. Според кардиолозите станува збор за последици кои се чувствуваат од корона пандемијата. Познатиот интервент кардиолог, воедно и началник на Одделот за кардиологија во штипската болница, Сашко Николов вели ако пред пандемијата на одделението имале месечно по 30 стентирања, денес оваа бројка е зголемена, објави ТВ Телма.
-Сега месечно ни доаѓаат по 40 до 45 стентирања, некогаш и 50. Бројот на каротидни стентирања е зголемен за три пати, бројот на периферните пациенти кои доаѓаат со периферни болести можеме да кажеме и пет пати зголемен од претходно. Самата корона пандемија направи рапидно зголемување и пораст на артеросклеротските болестите кај пацинетите. Имаме зголемен број на мозочни и срцеви инфаркти, зголемен број на пациенти со инфаркти на нозете и на крвните садови на белите дробови, изјави д-р Сашко Николов, кардиолог – Клиничка болница – Штип.
Николов забележува дека паѓа и старосната граница, ниту пак постои и полова бариера.Повеќе не држи и верувањето дека жените поради хормоните се поотпорни на кардиоваскуларните заболувања.
-Ако се веруваше дека женските хормони, естрогените и прогестероните ги штитеа жените од срцеви инфаркти, гледаме дека последниот период, последните месец-два, во декември и јануари, имаме 3 млади жени од 38 до 44 години со срцев удар. Имаме млади момчиња од 27-28 години со тешки срцеви инфаркти, додаде д-р Николов.
Кардиолозите по пандемијата истражуваат и досега имаат забележено дека вирисот Ковд 19 освен што го напаѓа белодробието, има имапкт и врз крвните садови.
-Секој што го вдишал вирусот, антигените на виросот се шетаат по телото и се вгнезуваат во еден дел, дали се тоа крвните садови и имунолошкиот систем понатаму се модифицира. Го напаѓа тој антиген, а сакајќи да го уништи, уништува и сето она што е здраво, дали се работи за крвен сад, бели дробови, црева или мозок ги уништува имунолошкиот ситсем- изјави д-р Николов.
Николов смета дека ова е една од причините за зголемените инциденци на автоимуни појави кај пациентите со ваквите заболувања. Штипска кардиологија има доволно опрема со која располагаат и какошто вели Николов може да им се излезе во пресрет на пациентите од источниот регион.