Добро утро од Загреб! На кафе муабет, јас му зборувам тој не ме слуша, објави на Фејсбук поранешниот вицепремиер и министер Никола Димитров дека кафето го пиел во Загреб.

Димитров, кој по заминувањето од власта е на апанажа, е активен на социјалните мрежи. Тој неколку дена на својот профил објавуваше прилози од неговото учество на повеќедневен форум во Албах:

– Форумот во Алпбах заврши денес, време е за дома. 600 млади од различни земји, нобеловци и професори, министри и активисти, експерти и познавачи на едно место, разговараа и анализираа многу актуелни теми. Имав неколку настапи, многу средби, меѓу кои и со заменичката на црногорскиот премиер и министерка за европски прашања Јована Маровиќ, министрите за Европа на Ирска и Австрија, Томас Бирн и Каролине Едштадлер, објави синоќа Димитров.

Посебна инспирација, додава тој во објавата, ми беше дружењето со младите македонски стипендисти.

– Кога ги прашав што е тоа што најмногу ви пречи во нашата Македонија, речиси во еден глас ми одговорија – партизацијата. Време е сериозно да се замислиме, конечно да ја отвориме оваа тема и да бараме чаре, пишува Димитров во објавата.

Еден од македонските стипендисти во странство е и неговата ќерка, која државната стипендија ја доби додека Димитров беше во Владата на Зоран Заев. Тој сега е критичар на активностите на власта, чиј дел беше и тој, во врска со преговорите со Бугарија, а Димитров е потписник на Договорот со Грција кога и почна доминото и уривањето на историјата на Македонија.