И покрај тоа што днес околу пладне излегоа списоците за студентските домови Државниот студентски центар не е спремен за вселување на студентите.

Студентите имено стојат пред домовите и чекаат да почне вселувањето веќе цели осум часа и нема никаков глас од управата.

Очигледно е дека и оваа вечер неколку 100тина студенти ќе ја поминат ноќта под ведро небо чекајќи го директорот и управата официјално да започнат со вселувањето, пишува порталот Курир.