Сите пушачи се свесни дека со секоја запалена цигара го зголемуваат ризикот за појава на рак на белите дробови, но многумина од нив, за среќа доживуваат длабока старост. Како е тоа можно? Од друга страна, има и такви кои заболуваат по многу кусо време кое го поминале како пушачи.

Американските научници се заинтересирале зошто е тоа така, па спровеле истражување кое покажало дека во тоа голема улога игра генетиката.

Имено, тие веруваат дека пушачите кои живеат долго имаат специфични „гени за долговечност”, кои ја намалуваат веројатноста за развој на канцер за дури 11 отсто. Исто така, благодарение на нив, клетките полесно и побрзо се обновуваат, а стареењето и ефектите од пушењето се успоруваат.

Бројките кои ги објави Светската здравствена организација покажуваат дека цигарите сепак убиваат околу половина од вкупниот број на луѓе кои пушат.

СЗО затоа потенцира дека цигарите се една од најголемите закани за здравјето на луѓето со која некогаш сме се соочиле и дека годишно од последици од пушењето умираат околу шест милиони луѓе.