Американскиот претседател Џо Бајден и еден од неговите главни помошници предупредија дека блокирањето на федералната влада може да предизвика широко страдање, вклучително и брзо губење на субвенциите за храна за речиси седум милиони жени и деца со ниски приходи.

Бајден рече дека неуспехот на Конгресот да ја финансира федералната влада ќе има страшни последици за афро-американската заедница, вклучително и намалување на субвенциите за храна, инспекции на локациите за опасен отпад и спроведување на законите за праведно домување.

Тој рече дека тој и претседателот на Претставничкиот дом на САД, републиканецот Кевин Мекарти, пред неколку месеци се договориле за нивоата на потрошувачката за владата.

-Се договоривме, се ракувавме. Сега мала група екстремни републиканци во Претставничкиот дом не сакаат да го следат тој договор и секој во Америка може да се соочи со плаќање на цената за тоа, рече Бајден.