Полициски службеници од СВР Куманово од Одделот за криминалистичка полиција, при отсекот за економски криминалитет извршиле контрола на автобус на туристичка агенција, при што од вкупно 50 патници кои се превезувале, кај 19 се откриени фалсификувани ПЦР тестови.
Автобусот превезувал патници на релација од Македонија кон Германија.
-По извршените проверки констатирано е дека станува збор за фалсификувани ПЦР тестови, што патниците ги набавиле од едно лице од Струмица, по цена од 1000 денари по тест, информира Министерството за внатрешни работи.
Од МВР додаваат дека по комплетно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.