Почитувани,
Ве известуваме дека Министерството за здравство во текот на вчерашниот ден на Електонскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) ја отпочна постапката за јавна набавка на Изградба на нов универзитетски клинички центар на greenfield локација по модел “клуч на рака” со поддршка при менаџирање на проект.
Министерството за здравство со пристапување кон реализација и изградба на нов Универзитетски Клинички Центар на greenfield локација во Скопје, има за цел да постигне подобрување на ефективноста и ефикасноста во терциерното здравство.
За таа цел спроведуваме конкурентен дијалог за доделување на договор за јавна набавка на работи, кој ќе заврши со спроведување на електронска аукција, како последна фаза постапката со користење на електронски средства преку ЕСЈН.
Критериум за избор на најповолна понуда ќе биде најдобар однос помеѓу цената и квалитетот, економски најповолна понуда. За првпат не е критериум најниска цена, туку економски најповолна понуда, при што се земаат во критеритум цена 30 бода и квалитет 70 бода.
Изградбата на нов, современ и функционален Универзитетски клинички центар во Скопје на greenfield локација ќе гарантира високо квалитетни здравствени услуги на населението во целата држава. Предвидениот пристап на Министерството за здравство, во согласност со “Студијата за изводливост на проектот преместување на Универзитетските клиники во Скопје на greenfield локација” е реализација на градбата во три последователни фази, по системот “клуч на рака“ кој подразбира проектирање, изградба, опремување, трансфер планови и нивна реализација, обука на персонал, како и одржување на објектот и опремата за определен период за секоја последователна фаза.
Со оглед на тоа што станува збор за сериозен проект, искуството на компаниите во изградба на слични проекти е од искучителна важност за изградба на нов универзитетски клинички центар.
Ги повикуваме сите заинтересирани економски оператори кои имаат интерес за учество да ја погледнат целокупната документација во Електронскиот систем за јавни набавки.
Линк: https://e-nabavki.gov.mk/
Со почит,
Одделение за односи со јавност
Министерство за здравство