На Фејсбук профилот на Александар Черниговски се појави текст за лекување на малигни болести во исламските земји. Тој на својот профил наведува дека муслиманските земји не го сметаат канцерот за опасна болест и дека наводно го лекуваат “на лесен начин преку неколкудневен пост.
Тие оваа болест која кај нив е ретка, дури и не ја нарекуваат “рак” туку “ѕвер кој апсорбира неколку пати повеќе енергија во своите клетки”. Расте и расте (метастазира) и кога на човекот ќе му снема енергија, преоѓа на сите останати извори во телото, што доведува до фатален исход.
Но, кога на ѕверот ќе му се ускрати храната, тој брзо умира.
Професорите на универзитетот во Алжир сметаат дека со помош на гладувањето, канцерот умира во било кој стадиум во рок од 3 дена до еден месец. Гладувањето во оваа смисла не значи да не јадете ништо и да пиете само чиста вода. Ако столицата е нормална, темна и цврста, значи дека болеста е веќе елиминирана.
Тие тврдат дека постот е рецепт и за превенција и за лекување на ракот. Според резултатите на студијата објавена во “Proceedings of the National Academy of Sciences”, за да се излекува или спречи појавата на канцер, луѓето треба да постат третина или половина од денот.
Втората опција се “посните денови” односно внесување на максимално 500 калории на ден или потполно исфрлање на појадокот и ручекот.
Научниците од алжирскиот универзитет тврдат дека ваквата исхрана помага да ја одржите нормалната телесна тежина и спречува развој на дијабетес, канцер, Алцхајмерова болест како и болести на кардиоваскуларниот систем.
Тајната лежи во тоа што повременото одбивање на храна му овозможува на телото да произведе подобар одговор на стресот, да ги запре воспалителните процеси и да ги уништи туморите кои најчесто настануваат од исхраната, како и да ја забрза елиминацијата на оштетените и заболени клетки.
Правилен начин на консумирање на овошје
Експертите наведуваат дека овошјето е најдобро да се јаде на празен желудник. Ова е одамна објаснето од страна на д-р Херберт Шелтон (1895 – 1985), експерт за алтернативна медицина, американски натуропат, пацифист, вегетаријанец и поборник на постот.
Кога се јаде на празен стомак, секое овошје во контакт со желудочната киселина се алкализира. Во спротивно, ако се помеша со остатоци од друга храна, се произведуваат гасови и доаѓа до болки и надуеност. Освен проблеми со варење, д-р Шелтон сметал и дека јадењето овошје на празен стомак спречува опаѓање и побелување на косата, а наводно исчезнуваат и подочниците и проблемите со нервниот систем.
“Ако правилно го консумирате овошјето, вие сте ја пронашле тајната на убавината, долговечноста, здравјето, енергијата, среќата и нормалната тежина”, говорел докторот.
Неколку важни совети:
– Пијте исклучиво свежо исцедени сокови
– Немојте да консумирате овошје кое е готвено бидејќи важните нутритиенти му се уништени
– Јадењето на овошје е многу подобро од пиење на неговиот сок
– За да го детоксицирате телото, овозможете си тридневен пост со овошје (јадење овошје и пиење свежо цедени сокови).
Целиот статус на Александар Черниговски можете да го прочитате тука.