Претседателот Стево Пендаровски смета дека датумот за предвремени парламентарни избори не треба да се поврзува со ратификацијата на договорот за членство на Македонија во НАТО. Одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Тетово, претседателот потенцираше дека Собранието има можност да работи се додека не се верификуваат мандатите на новите пратеници.
-Не е мое да кажувам дали изборите ќе бидат на 12 април или не. Она што би сакал да го коментирам во однос на можноста за некакво одложување, тоа е врзано со ратификацијата на пристапниот договор кон НАТО и во нашиот Парламент. Кога ќе завршат сите ратификации кај сите земји членки и ние тој договор ќе треба да го ратификуваме во македонскиот Парламент. Во однос на тоа не треба да има никаква дилема. Парламентот постои и е активен се додека не се избере следниот парламент. Ако затреба кај нас да се ратификува тоа нема никаков проблем и притоа би апелирал да не се занимаваме со технички и правни задолженија. Ако треба, кога имате правно кажано техничка влада, мора и да има и технички парламент и не може да постои само техничка влада, а парламентот воопшто да не егзистира. Ако дојдеме до ситуација ќе се ратификува договорот без разлика кој месец да биде, воопшто да не се доведува датумот на изборите со тоа, рече Пендаровски.
Шефот на државата истакна и дека дипломатија продолжува со евроинтеграциите и фокусот е Франција.
-Правиме усилби практично од првиот ден, практично веднаш после последниот бриселски самит на ЕУ, да добиеме средба на што е можно повисоко ниво Француската Република и директно со претседателот Макрон и со луѓето околу него што точно побаруваат од нас и да ја надмине таа крајно непријатна ситуација, рече Пендаровски.
Претседателот на државата вечерва има среда со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли.
-Највисоките европски функционери велат главните одлуки објективно се носат во главните градови на неколку земји членки, а ние како европски функционери само ги соопштуваме. Не се сомневам во неговата добра информираност и воопшто не се сомневам во неговата добра намера кон нас и ова не му е прва изјава во таа смисла. Вечерва ќе ја искористам приликата да поразговарам подлабоко и подолго со Сасоли. Сепак мислам дека наредниот период, наредните недела ќе треба да добиеме посилен сигнал во таа насока дали наскоро ќе може да се измени крајно неповолен исход на последниот европски самит пред се Франција, истакна Пендаровски.
Шефот на државата во Тетово беше на средбите со граѓаните во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“.