Претседателот на косовската Демократска партија, Кадри Весели, треба да биде сослушан утре во Хашкиот специјален суд.
Тој суд е формиран во 2015 година за да ги идентификува и гони поранешни членови на ОВК кои извршиле злосторства врз Срби и други неалбанци. Не е познато дали Весели бил повикан како сведок или осомничен на рочиштето, пишува приштински Зери.
Весели првично требаше да се појави во Специјалниот суд на 4 декември, но неговото рочиште беше одложено до утре. Весели беше член на ОВК и раководител на косовската разузнавачка служба (ШИК). Тој претходно изјави дека ќе одговори на повикот на Специјалниот суд.