Користењето на заменката „тие” како родово неутрална заменка за личност која не сака да биде идентификувана со машки или женски пол, е избрано за збор на 2019 година, според американскиот издавач на Речникот Меријам-Вебстер.
„Во поново време, сепак, ’тие‘ (they) се користи за лице чиј родов идентитет е небинарен”, се наведува во објава на Меријам-Вебстер на нивната мрежна страница. Пребарувањето за значењето на зборот, чиешто ново значење е додадено во септември, пораснало за над 3.000 отсто оваа година.
Речник Оксфорд и интернет-страницата
Со тоа почнаа да се појавуваат и славни личности кои за своја идентификација ја избираат родово неутралната заменка. Меѓу првите беше пејачот Сем Смит.