Додека не се спроведе 100 отсто еднаквост нема да запреме со инклузивност на Албанците, вели премиерот Зоран Заев во интервјуто за српскаата ТВ Пинк и тврди дека Тиранската платформа и двојазичноста во „Северна“ се лага.
– Албанците го сметаат Илинденското востание за свое, затоа што имало Албанци во востанието, вели Заев.
Тој одговара на повеќе прашања на новинарката во ТВ интервјуто, за скратената верзија на химната што Тамара Тодевска ја испеа во Американската амбасада, за режимот на Слободан Милошевиќ, за тн. Шарена револуција во Македонија, за коалицирањето со партиите на Албанците во Република Македонија итн.
– Мислам дека времето на Милошевиќ го направи своето, Косово да се оддели од Србија. Косово и Србија денес имаат проблем со тоа. Ние мислиме дека не треба да дозволиме да создадеме услови Албанците да помислуваат за цепење од средини каде што живеат во РС Македонија. Правиме инклузивен процес поучени од минатото. Овој инклузивен процес во РС Македонија успева. Ние денес сме на исто рамниште граѓани, со еднакви права и еднакви обврски, со тенденција да се унапредува додека не се постигне 100 отсто еднаквост, вели меѓу останатото Заев.
Погледнете го целото интервју, може да го отворите и ТУКА.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1577&v=5xRFusndZSo&feature=emb_logo