Новиот коронавирус може да се пренесе од едно на друго лице и преку дигестивниот систем, заклучија научниците од болницата „Ренминби“ од Универзитетот во Вухан и Институтот за вирологија.
Според кинеските медиуми, научниците дошле до тоа откритие откако проучувале ректални брисеви на пациенти.
Како што се наведува, пациентите заразени со коронавирус кои ги анализирале имале само дијареја, а не и класични симптоми како висока температура.
Се претпоставува дека дијарејата го овозможува фекално-оралниот пат за пренесување на вирусот, особено ако не постои соодветна санитарна инфраструктура и хигиенски навики, како темелно миење на рацете.