Високиот крвен притисок е сериозен здравствен проблем низ цел свет, а доколку не се контролира може да предизвика ненадејна смрт.

Според американскиот центар за контрола и превенција на болести, повеќе од половина од луѓето не ни знаат дека имаат висок крвен притисок или не го контролираат редовно, што го доведуваат во ризик своето здравје.

Високиот крвен притисок е познат како „тивок убиец“, па покрај оштетување на бубрезите и губење на видот, неговото не контролирање често доведува до смрт.

Ако имате проблеми со висок крвен притисок, треба да го намалите внесот на храна што содржи натриум. Американското здружение за срце укажува дека вишокот на натриум предизвикува вода да се повлече од крвните садови и се создава вишок крв, што предизвикува зголемен крвен притисок.

Исто така, докажано е дека најмногу натриум се внесува преку сол, кој го има во голема количина во брзата, пакувана и ресторанска храна. Американското здружение за срце предупредува дека најмногу натриум се додава во овие намирници:

1. Кифли и переци – еден перек може да задржи до 230 милиграми натриум

2. Сувомеснати производи – до 2 000 милиграми натриум на 100 гр

3. Пица – една парче може да содржи 760 милиграми

4. Пилешко – само 100 грама готови пилешки стапчиња може да содржат 600 милиграми

5. Супа од кесичка – една чаша супа од кесичка може да содржи 940 милиграми натриум

6. Масно говедско месо

7. Јагнешко

8. Свинско месо

9. Путер

10. Сирење

Познато е дека претераното консумирање шеќер доведува до гоење, висок крвен притисок и холестерол. Меѓутоа, истражувањата докажаа дека внесот на шеќер може да има ефект врз зголемување на крвниот притисок без оглед на телесната тежина на човекот. Ова е уште една причина да ги исфрлите следниве намирници од вашето мени:

11. Купечки сокови

13. Слатки млечни производи, како овошен јогурт или сладолед

Ако често јадете храна која содржи големи количини на транс маснотии, ризикувате да добиете висок холестерол, срцеви заболувања, мозочен удар или дијабетес тип 2. Ако страдате од висок крвен притисок, не заборавајте да ги избегнете овие намирници:

14. Пуканки

15. Маргарин


Вашиот крвен притисок треба редовно да го следите, и обидете се да си бидете најдобриот советник и да избегнувате храна која секојдневно ви го загрозува здравјето. Потрудете се да ја отстраните штетната храна од вашето мени.