ЕРДОГАН: Милиони мигранти ќе тргнат кон ЕУ

/ 02.03.2020

Милиони мигранти и бегалци наскоро ќе тргнат кон ЕУ, предупреди денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Како што јавува агенцијата Франспрес оваа изјава е дел од притисокот кон западните земји поврзан со сирискиот конфликт.

– Откако Турција минатата недела ги отвори вратите за мигрантите да ја напуштат територијата стотиците илјади поминаа, а наскоро ќе бидат милиони, рече Ердоган во телевизиското обраќање.

Извештаите од грчката гранична служба пак се дека бројот на мигранти е далеку помал.

За 24 часа спречени 9.877 обиди за нелегален влез во Грција.


Од истата категорија