Кинески лекари и друг медицински пероснал во една болница во југоистичната кинеска провинција Анхуеј од среќа танцуваа во дворот откако повеќе излечени пациенти од коронавирусот биле пуштени од блница.

Со денови неуморно се бореле против смртоносниот вирус, а сега играа балет, поточно дел од „Лебедово езеро“.

Од болницата се отпуштени шест пациенти, а во цела земја се излечени 32.000 пациенти.

Нивната радост допре до милиони корисници на интернет кои го споделуваат видеото.

https://www.youtube.com/watch?v=7N1UAWVpsTM&feature=emb_logo