Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 февруари.
Денеска е Преподобен Тимотеј и св. Евстатиј Антиохиски.
Преподобен Тимотеј живеел во осмиот век. Се подвизувал како монах во манастирот Символи, на планината Олимп во Мала Азија (таа ни е позната и како место на монашкиот подвиг на св. Методиј Солунски). Денес се слави и св. Евстатиј, кој на почетокот на четвртиот век бил епископ на Антиохија. Учествувал на Првиот вселенски собор (325 г.), штитејќи го православното учење.
Кога после смртта на Константин Велики цар на источниот дел на империјата станал неговиот син Констанциј, за православните епископи настапиле тешки времиња.
Евстатиј, како и многу други, бил симнат од катедрата и испратен во заточеништво, во Тракија. Неговиот плоден живот завршува во 360 година, во Филипи.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Иван Јосип од Крст.
Бил роден во 1654 година на островот Исехија во Италија. На 15-годишна возраст одлучил да стапи во редот на фрањевците. Во 1677 година бил назначен за свештеник. Господ го надарил со многу харизми. Му се обраќале некои светци, а меѓу нив и учениот Алфонз Лигуори. Биографите на Свети Иван ги набројувале неговите харизматски дарби: прорекнуваше на иднината и многу чудесии. Најголемо чудо било воскреснувањето на маркизот Јануариј Спада. Иван Јосип умрел во 1734 година.