Негативни се резултатите на сите кои денеска се тестираа за коронавирус, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

– Претпладнево на коронавирус беше тестирано едно лице кое на 7 март пристигнало во земјава од Германија, како и осум лица поврзани со првата заболена пациентка од Скопје – сопатници и блиски контакти, кои во изминатите две недели беа во домашна изолација, велат од Министерството.

Патниците од Струмица кои поминале 14 дена во домашна изолација, а пристигнале со првата заболена пациентка на коронавирус ќе бидат тестирани утре.

Попладнево на седница на Владата, како што соопштија од МЗ, ќе бидат дискутирани мерките кои ги препорача Министерството за здравство по состанокот со Комисијата за заразни болести и Комисијата за следење и информирање за коронавирусот.

– За заклучоците, Владата и Министерството за здравство ќе информираат по завршување на седницата, се додава во соопштението.