Словенија од денеска почнува постепено да ги укинува ограничувањата поради епидемијата на коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Здравствените установи од денеска ќе почнат да извршуваат специјалистички и амбулантски прегледи кои беа стопирани, а повторно ќе бидат отворени и центрите за рехабилитација.
Од денеска повторно стартуваи производството во фабриките Горење, Адриа Мобил и Елан, а следната недела истото ќе го направи и Ревоз.
Од словенечката Влада објавија дека во текот на денот на прес конференција ќе објават кои други забрани и ограничување ќе бидат укинати.