Поранешниот кубански претседател Раул Кастро ги обвини САД за „затегнување на обрачот” околу Куба, Венецуела и Никарагва.
Кастро ја повика земјата да биде подготвена да одговори на каков било вид на предизвик.
„За нас, како и за Венецуела и Никарагва, нни е јасно дека се затегнува обрачот и нашиот народ треба да биде подготвен и во подготвеност да одговори на секој вид на предизвик”, изјави Кастро (87) на една церемонија.
Според него, враќањето на десницата на власт во некои земји од Латинска Америка, како што се Чиле и Аргентина, како и непријателството на Вашингтон кон регионалната левица „претставува сценарио кое повторно создава еуфорија кај непријателот, кој се обидува во реалноста да ги се претвори своите соништа за уништување”.
Кастро изјави дека официјалниот став на САД кон Куба се карактеризира со „недостаток на почит, агресија, мешање и со грубо манипулирање на историска реалност”.
Поранешниот претседател на Куба ги предупреди САД дека кубанскиот народ во текот на 60 години дал отпор и дека без разлика на околностите и големите предизвици, „секогаш ќе ја брани социјалистичката револуција.”
Кастро е 19 април оваа година, му ја предаде власта на Мигел Дијаз-Канели, но, и натаму има влијание врз државните одлуки, бидеќи останува на чело на Комунистичката партија до следниот конгрес во 2021 година, кога ќе напони 90 години.