Во последното деноноќие во Албанија дијагностицирани се 14 нови случаи со Ковид-19 или 20 помалку споредено со вчера, со што вкупната бројка на заболени од почетокот на епидемијата се зголеми на 726 лица.
Во истиот период, според албанското Министертво за здравство и социјална заштита, во списокот на излекувани се впишани уште седум пациенти или вкупно 410 лица.
Бројот на починати се зголеми на 28 откако утрово во болницата „Шефќет Ндроќи“ почина 60 годишен жител на Тирана, кој бил хопситализиран две недели а боледувал и од други болести.
Во Инфективната клиника и во болницата„Шефќет Ндроќи“ хопситализирани се 36 пациенти, од нив шестмина се на интензивна терапија,од кои двајца во тешка состотјба.
Од почетокот на март до сега тестирани се 7.279 сомнителни случаи или 264 случаи повеќе од вчера.
Во моментот 288 лица од вкупно заболените се активни случаи, што потврдува дека бројот на оздравените е поголем. Ова теденција,според Министертвото, продолжува да биде стабилна веќе две недели.
Последните информации за Македонија се вкупно 1.386 заболени и само 126 излекувани од коронавирус.