Михаела Ј. од Скопје го победи коронавирусот. Таа 17 денови се лекуваше на Инфективната клиника, а потоа 14 дена беше во домашна изолација.

Деновиве храбрата девојка донираше крвна плазма за лекување на заболени од коронавирусот. Информацијата на социјалните мрежи ја објави нејзината сестра.