НИКОЛОСКИ: Дента кога се прогласи вонредната состојба и се одложија изборите имавме 36 новозаразени, вчера 40

/ 22.05.2020

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето гостување во вестите на телевизија Алфа истакна дека Македонија се соочува со целосно фијаско во справувањето со пандемијата на коронавирусот. Според него причината за лошата состојба во државата е тоа што Заев и Владата на СДСМ со коронавирусот решија да се справуваат политички, а не стручно. Показател за нестручносното во справување со кризата посочи дека се бројките на заболени и фактот што во Македонија смртноста од вирусот е највисока во регионот.

-За жал Македонија се соочува со целосно тотално фијаско во однос на справувањето со коронавирусот и тоа е така затоа што власта Зоран Заев и неговата екипа решија со коронавирусот да се справуваат политички, а не стручно. Само една споредба на 17 март кога се прогласи вонредната состојба во Македонија заради коронавирусот и нели сите донесовме одлука дека треба да се одложат закажаните избори за 12 април, тој ден имало регистрирано 36 новозаболени. Вчера имаше регистрирано 40 новозаболени. Значи на 17 март 36 новозаболени, вчера 40 новозаболени што покажува дека во целиот овој период од 2 ипол месеци наместо ситуацијата да се подобрува, ситуацијата се влошува. 2 ипол месеци подоцна имаме повеќе заболени отколку на почетокот на вонредната состојба, што покажува едно тотално фијаско. Ако ги видите сите други држави бројките се едноцифрени, дури и во многу поголеми држави од Македонија, на пример Хрватска има по еден или два дневно што нема споредба со ова што се случува во Македонија. А по број на мртви Македонија за жал е на неславниот врв и има најголем број на мртви на милион жители, што само кажува со какво фијаско се соочуваме. Дополнително на тоа имаме недоволен број на тестови, затоа што мислам ако повеќе се тестира бројките ќе се многу, многу повисоки од ова што е сега, што покажува со каква неспособна власт имаме работа и со какво здравствено фијаско се соочуваме. Тоа е така затоа што мислат само како помалку да изгубат на изборите па покрај тоа што не селедат решаваат и да манипулираат со луѓето и да направат избори во време на една ваква пандемија.


Од истата категорија