Американскиот претседател Доналд Трамп пред дипломците на воената академија Вест поинт вчера изјави дека негова работа е да ги брани виталните интереси на САД, а не да води бесконечни војни во далечни земји.

Неговтата изјава уследи откако се соочи со критики поради плановите за повлекување на речиси 10.000 војници од Германија.

– Ја завршуваме ерата на бесконечни војни, истакна Трамп.

Тој додаде дека задачата на американскиот војник не е да ги обновува меѓународните односи туку да ги брани САД од странскиот непријател.

– Не е работа на американската војска да решава стари конфликти во далечни земји, за кои многу луѓе никогаш не слушнале, посочи Трамп.

Американскиот претседател се осврна и на расната нееднаквост во САД, истакнувајќи оти кадетите се пример на американската разновидност.

– Дојдовте овде и од села и од градови, од големи и мали држави, различни раса, вера и боја. Но, кога влеговте во овој комплекс, станавте дел од еден тим и едно семејство, кое гордо служи на американската нација, истакна Трамп.