МИЗРАХИ: Насилното сценарио со кое власта ме смени мене, сега го применува и против Чулев

/ 24.06.2020

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ од пратеничката листа во втората изборна единица, Рашела Мизрахи, вечерва во емисијата „Заспиј ако можеш“, на ТВ Алфа, истакна дека власта со насилното сценарио за нејзиното разрешување од министерска функција, сега истото му го прави и на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој сега на власта им е виновен за се.

-Народот препозна дека нема никакво дело за кое треба да бидам разрешена, дека целото изгледаше како едно насилно сценарио, во кое јас бев виновна за се, апропо на тоа сега гледам министерот Наќе Чулев е исто виновен за се, вели Мизрахи.

Таа критикуваше дека не може на власта еден човек да и биде виновен за сите работи, како и тоа дека власта помпезно ја злоупотребува својата положба со конкретен план за да се нанесе штета на поединци, како во случајот со нејзиното разрешување.


Од истата категорија