Срам, порази, понижувања. Овие 3 работи ги трпиме на свој грб и што е најважно, целата држава и граѓаните трпат се ова само заради еден човек што е срам за општеството, срам сам по себе, за граѓаните и државата, а тоа е Зоран Заев.
Ова беше истакнато на денешната прес-конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, која ја пренесуваме во целост:
Тажното и понижувачко аудио кое се појави на јутјуб каде што Зоран Заев како Премиер на Република Македонија разговара со наводната Грета Тунберг, активистка за климатски промени, е само реална слика на начинот на кој Зоран Заев ја води и ја претставува оваа држава и овој народ.
Замислете, мислејќи дека разговара со активистката Грета Тунберг и нејзиниот татко, во разговор со замислени соговорници, Заев успеа да ја раскаже целата тажна слика на Република Македонија и неговиот однос кон државата и граѓаните.
Заев во само еден т.н. пранк, успеа да изнесе навреди кон францускиот претседател г-дин Макрон, имено претседател на држава пријател на Република Македонија.
Зоран Заев конечно призна дека е загадено Скопје и државата, и во рок од 10 секунди за да ја покаже својата моќ успеа само низ телефонски разговор да затвори 2 аеродрома во Република Македонија.
Она што е најтажно, најкриминалниот и најкорумпиран политичар, Зоран Заев, бидејќи нема ниту еден единствен капитален проект, со најголема гордост и како приоритет број 1 и најголемо достигнување се фали како си го сменил името на својата држава и својот народ. Тажно и жалосно.
Дури и ја призна тажната вистина дека Република Македонија е сиромашна и неразвиена земја која не е атрактивна за мигрантите, но и покрај тоа тој се уште е отворен за населување и за отворање на живеалишта за мигранти.
Си говореше за марихуаната за која му велат дека тој ја одгледува без око да му трепне. Најверојатно се чувствува гордо и на таа тема како да е Биг Мајк од Република Македонија.
Пораз до пораз, срам до срам, понижување до понижување.
Овој човек и оваа влада мораат што побрзо да си заминат од очите на јавноста.
За крај, сакам само да потсетиме на неуспешната ПР стратегија на Владата која на крајот на минатата година рече дека спречила хибриден напад од пранкери мислејќи токму на овој разговор на Зоран Заев со наводната активистка Грета Тунберг.
Еве очигледно е колку спречиле хибриден напад, каде што Зоран Заев во неколку разговори со пранкери во својот мандат успеа да не посрамоти како држава без око да му трепне. Лага до лага. Ниту спречиле хибриден напад, ниту пак она што го говореше Забрчанец на таа прес конференција е вистина. Очигледно и факт е дека Зоран Заев си водел разговор со замислени соговорници.
Затоа 15-ти јули, број 14, глас за Обнова на Македонија. Глас против понижувањата на Република Македонија кои што и ги нанесува Зоран Заев и ова раководство на СДСМ.
Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ