Вообичаено во понеделник бројот на новозаразени од коронавирус паѓа, поради тоа што паѓа и бројот на тестирани за празници и викенди оти јавните лаборатории не работат, а се регистрираат само новите позитивни случаи од приватните лаборатории.
Така во последните 24 часа се направени 539 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје 34, Куманово 3, Штип 6, Тетово 5, Струга 3, Велес 3, Охрид 1, Гевгелија 1, Струмица 5, Крива Паланка 1, Радовиш 1, Кочани 9, Берово 1, Валандово 5, Виница 1 и Делчево 4. Починати се четири пациенти од кои тројца од Скопје (66 г., 88 г. и 62 г.) и еден од Тетово (73 г.), објави на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.
Институтот за јавно здравје регистрира 146 оздравени пациенти од: Скопје 52, Куманово 14, Штип 7, Прилеп 5, Тетово 4, Струга 2, Велес 3, Битола 3, Охрид 1, Кавадарци 6, Гостивар 7, Гевгелија 3, Струмица 7, Крива Паланка 3, Радовиш 2, Кочани 12, Македонски Брод 1, Виница 1, Делчево 4, Свети Николе 5 и Кичево 4.
Досега во земјата се направени вкупно 195.541 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18.873, бројката на оздравени пациенти е 15.487, на починати е 760, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.626.