Синоќа во 23.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека екипа на Итна медицинска помош била на интервенција на ул.„Стокхолмска“ бидејќи имале повик дека на Т.А. и се влошила здравствената состојба, каде биле пречекани од В.А.(54) од Скопје, Д.А.(49) од Скопје и уште три други лица.
Кога едно од медицинските лица им укажало да стават маски за да можат да интервенираат, соопштија денеска од МВР, лицата почнале да ги навредуваат и омаловажуваат, и да удираат по комбето. На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.