Европската унија може да плати повеќе од девет милијарди евра за вакцините Фајзер и КјурВак, јавија западни медиуми повикувајќи се на официјален претставник на ЕУ.
Унијата може да плати на Фајзер 3,1 милијарди евра за првите 200 милиони дози и вкупно 4,65 милијарди евра доколку купи дополнителни 100 милиони дози. Тоа значи околу 15,5 евра по доза за кандидатот за вакцина на Фајзер.
Сумата што Европската унија ќе и ја исплати на КјурВак (CureVac) е 4,05 милијарди евра за првите 405 милиони дози со опција за 180 милиони дози. Засега не е јасно дали дозата ќе биде 10 или 12 евра.
Сепак, ЕУ ќе плати помалку за доза на Фајзер од САД кои ќе плаќаат 19,50 долари.