На два кревети лежат пациенти кои примаат инфузија, а на другите два лежат мртовци. Ваква фотографија беше споделена на социјалните мрежи која предизвика бура од реакции.
Според објавата оваа фотографија е направена во битолската болница, а во објавата се бара оставка од Филипче.
„БАРАМ МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ДА СИ ДАДЕ ОСТАВКА И ХИТНО ДА СЕ ФОРМИРА НОВА ВЛАДА НА ЕКСПЕРТИ“ стои во Фејсбук статусот со споделената фотографија на Васко Белески.
-Овие фотографии се направени во Болница во Битола. Од четири кревети, двајца примаат инфузија , на другите два кревети има два лешеви. Под хитно оставка на министерот Филипче заедно со Заев. Полошото тек доаѓа, пишува тој.