Рано утрово, на 82 годишна возраст, почина најпознатиот бугарски кардиолог кој беше познат и во светски рамки, Александар Чирков, известуваат бугарските медиуми.

Тој ја изврши првата трансплантација на срце во Бугарија уште во далечната 1986 година со што се здоби со популарност во светски рамки.

Роден е во Лом во 1938 година. Тврдел дека е потомок на Бугари, Грци и Македонци. Некои од неговите предци биле лекари, други трговци. Дел од неговите роднини во 1940-тите години емигрирале во Германија, започнуваќи таму бизнис. Братот на татко му, заминал за Хајделберг, таму завршил медицина и изградил клиника во западен Берлин.

Утрово во 3 и 30 часот, во хотел во Варна му се слошило. Качил температура, а состојбата продолжила да му се влошува. И покрај напорите на лекарите, починал кратко по тоа.