Извесно е дека до крајот на годината нашата земја нема да ги почне преговорите со ЕУ, рече премиерот Зоран Заев во интервјуто за Канал 77.
-Имаме уште малку време и простор, меѓутоа извесно е дека Бугарија месецов пак ќе стави вето. Мислам дека треба да почекаме да им поминат изборите во март, да размислуваат со трезвена глава. Да го немаат тој притисок од избори. На пролет да се решава прашањето, рече Заев.
Тој најави свикување лидерска средба откако ќе заврши ова поглавје од преговорите со Бугарија
-Веднаш штом завршат преговорите со Бугарија, ова поглавје на разговори, успешно или неуспешно, јас ќе свикам лидерска средба. Никаде во Европа не се прават лидерски средби во ек на разговори, вели Заев.