Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, оцени денеска дека вакцинацијата против Ковид-19 ќе спаси животи и ги повика земјите-членки да се подготват за почетокот на вакцинацијата на своите граѓани. како и во соседството на Европската унија,
„Ние исто така се грижиме за нашето соседство. ЕУ ќе ги координира донациите за вакцини од земјите-членки, кои првенствено ќе имаат за цел да ги заштитат здравствените работници во Западен Балкан и во нашето соседство“, нагласи фон дер Лајен. Таа вели дека ЕУ треба да работи „со полна брзина“ за да ја процени безбедноста на вакцините и да ги направи достапни за граѓаните.
Лајен додаде дека очекува вакцината на „Фајзер“ да биде одобрена, по проценката на Европската агенција за лекови, до крајот на годината, а вакцината на фармацевтската компанија „Модерна“ до средината на јануари.
Евалуациите на вакцините на „Астра Зенека“ и „Џонсон и Џонсон“ исто така се во тек во Европската агенција за лекови.
ЕУ досега има потпишано договори со шест фармацевтски компании, што произведуваат вакцини во Европа, за набавка на околу 1.360 милиони дози на потенцијални вакцини против Ковид-19.