Во швајцарскиот кантон Луцерн почина едно лице, само неколку дена откако било вакцинирано против коронавирусот.

Надлежната Дирекција за здравство ја потврди смртта на лицето кое било вакцинирано, но, според веб-страницата „зеитпункт“ не е утврдено дали постои поврзаност меѓу вакцината и причината за смртта.

Според швајцарските медиуми, станува збор за лице кое починало вчера, а било вакцинирано на 24 декември во институција за лица со деменција.

Здравствената дирекција на Луцерн го пријави случајот во Швајцарскиот институт за лекови „Свисмедик“, што ја одобри употребата на вакцината од Фајзер/БиоНТек во земјата.

Досега се документирани несакани ефекти што можат да се споредат со оние по вакцинација против грип