После минатонеделното изненадување кое ни го приреди Владата на СДСМ со прифаќање на име за ерга омнес употреба со што самите капитулиравме и покажавме спремност за промена на уставното име, оваа недела не очекуваат и две судски завршници. Една на поранешниот Премиер Никола Груевски и една на актуелниот Премиер Зоран Заев.
И додека договореното решение за Република Илинденска Македонија можеби беше изненадувачка, пресудите кои следуваат воопшто нема да бидат изненадувачки. Извесно е дека не очекува една ослободителна преуда за случајот Поткуп на Премиерот Заев и една осудителна пресуда за екс Премиерот Груевски за Случајот Тенк.
До ваков заклучок не носи начинот на кој што се водеа и двата судски процеси, додека едниот сосем небулозен за набавка на возило кое е во употреба и ден денес и во кои освен Премиерот Заев се возат сите државници кои ќе дојдат во официјална посета на Република Македонија, во другиот македонската јавност беше сведок на барање на поткуп од страна на струмичкиот градоначалник, а сегашен премиер Заев. Доказ обезбеден ос ПИ мерки. Иако е сосема јасно кој каква пресуда треба да добие, сигурно ќе биде сосема спротивно од тоа што би требало да биде доколку навистина имаме владеење на правото и независна судаска власт.
Она што никако не успеваме да го научиме и да го спроведеме во пракса е дека владеењето на правото и независна судска власт не се само празни флоскули кои убаво звучат во предизборни кампањи. Можеме ние да се викаме и Република Македонија или Република Илинденска Македонија или Горна, Долна, Северна и Јужна за севкупна употреба, но сé додека и во пракса не започнеме да спроведуваме правда за сите и фер судење ние нема да бидеме дел од Европското семејство. Секогаш ќе паѓаме на испитот на правосудството и секогаш тоа поглавје ќе ни биде со негативни оценки од страна на ЕУ како што е впрочем и години наназад.
Останува надежта дека можеби судот ќе не изненди и ќе досуди сосема спротивно од очекувањата на сите, согласно Закон и со објективно ценење на приложените докази од страна на обвинителството без разлика дали е специјално или не.
М-р Мартина Антиќ