Владата ги објави платите на премиерот Зоран Заев и министрите во Владата.
Најголема плата зема Заев, чија основна плата е 78.840 денари, а со пресметан стаж од 22 години неговата плата е 87.813 денари. Втора плата е на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој добива 85.113 денари личен доход (со 18 години стаж), а трета министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, која зема 74.273 денари и има 28 години работен стаж.
Радмила Шекринска, министерката за одбрана добива 72.989 денари, а министерката за култура Ирена Стефоска 72.670 денари.
Следуваат вицепремиерите Никола Димитров и Фатмир Битиќи со по 71.385 денари, а првиот вицепремиер Артан Груби и шефот на македонската дипломатија Бујар Османи добиваат по 70.102 денари плата.
Платата на министерот за здравство Венко Филипче е 68.179 денари.
Најмали плати добиваат министрите Насер Нуредини и Јетон Шакири со по 65.612 денари.