„Изготвен е оперативен план за вакцинација во кои се утврдени приоритетните групи, број на потребни вакцини, пунктови на кои ќе се врши вакцинацијата. Со ваквите манипулативни видеа, опозициската партија свесно сака да го потцени и оцрни трудот на здравствените работници, експерти во областа кои работат на процесот на вакцинација.
Бараме итно да се повлече видеото, а портпаролот и пратеникот јавно да се извини. Апелираме до јавноста да не ги зема предвид лажните информации. Од почетокот на ковид кризата точно, навремено и целосно транспарентно информираме и така ќе продолжиме. Ги повикуваме надлежните институции секоја злоупотреба или лажна вест да биде законски санкционирана затоа што на овој начин се вознемируваат граѓаните и се создава непотребна паника“, се вели во реакцијата на Министерството за здравство.