Тукушто венчан пар од Јужна Кореја мора да одат на психолог по скандал со хотелот „Гранд Јосун Јеју“, со пет sвездички, во којшто го минале својот меден месец… Имено, при крајот од нивниот престој, дознале дека прозорците во просторјата со сауни се од двонасочно проѕирно стакло и дека цело време шетале голи пред другите гости.
Сопругот потоа се пожалил на интернет на хотелот кој се наоѓа на островот Јеју на југот на земјата. Тој тврди дека неговата сопруга во неколку наврати за време на нивниот престој користела сауна, но не употребила крпа, бидејќи им било кажано дека прозорите на сауната на вториот кат се непровидни.
– При прошетка околу хотелот последниот ден од нашиот престој, откривме дека однадвор внатре сѐ се гледа. Можевме да видиме и термометарот во сауната колкава температура покажува, раскажува човекот.
Меѓу корисиците на сауната имало и малолетници. Други гости се пожалиле и дека прозорците на тушевите и тоалетите, исто така, не биле со еднонасочно провидно стакло.
– Мојата сопруга и јас сега одиме на психотерапија поради шокот од сѐ ова!, рече човекот.
Во порака на интернет-страницата на хотелот, се вели: „Длабоко се извинуваме што им предизвикавме непријатности на некои посетители, поради непоставување заштитен слој на стаклото во некои делови на женската сауна“.
Сауната, во меѓувреме, е затворена сѐ додека состојбата не се подобри, велат оттаму.