Власта воведува полициски час и ограничува движење а за само дваесеттина дена ќе пушти илјадници попишувачи да одат по домовите на граѓаните, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев не го интересира ниту здравјето, ниту животот на луѓето. Заев го интересира само политичка корист, а во овој смисол остварување на политичкиот договор. Организирање на попис во услови на разгорена пандемија ќе резултира со илјадници нови заразени и стотина мртви. Заев пушта невакцинирани попишувачи и со тоа се заканува да го направи најголемиот корона кластер до сега. Попис во сред пандемија е сигурен начин како цела држава да заболи од корона. Несовесно и срамно е што Заев продолжува со намерите за организирање на попис, не само покрај аргументите на стручната јавност и граѓаните, туку и по откажувањата на пописите во Бугарија, Србија, Хрватска, Ирска, Германија и други држави. Сите овие држави имаат вакцинирано голем дел од населението, но сепак не сакаат никого да ставаат во животно загрозувачка состојба. Зоран Заев и Венко Филипче ќе одговараат за штетите кои што ги нанесуваат врз јавното здравје и животот на граѓаните, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев вчера изјави дека мора да има и полициски час и попис, дека пописот не смее да се одложи по никоја цена оти и догодина можело да биде иста состојбата со коронавирусот.