Оваа порака на Игор Дурловски доаѓа по објавите на Мицкоски дека Шилегов набавил противпожарна скала од Унгарија, преку фирма чиј партнер е фирма на сопругот на секретаркта на Град Скопје, за цена од 1,7 милиони евра.
Шилегов возврати дека тој се грижел за безбедноста на граѓаните и дека тој не одел во Будимпшешта по инструкции како Мицкоски, туку по набавка која ја зголемувала безбедноста на граѓанатите.
Следеше нова објава на Мицкоски во која тој спореди дека истата таква скала набавил и градот Загреб, но за цена двојно пониска од таа по која е купена од Скопје, а заработката за фирмата блиска на секретарот на Град Скопје, според објавите, била 544 000 евра.