Во финалето на Отвореното првенство на Франција, 18-кратниот Грен слем шампион и прв светски рекет Новак Ѓоковиќ ќе се соочи со дебитантот во едно финале на ваков турнир, Гркот Стефанос Циципас.

Во досегашните меѓусебни пресметки Србинот води со 5:2. На земјена подлога резултатот е 3:0.

Почетокот на мечот во Париз е закажан за 15 часот.

Наградниот фонд на Ролан Гарос изнесува 34,4 милиони евра.