При вчерашната засилена акциска контрола во областа на сообраќајот, Министерството за внатрешни работи санкционирало 154 возачи на територијата на град Скопје.
Како што стои во соопштението од МВР, за возење повеќе од дозволената брзина има 71 санкција, 14 за возење без возачка дозвола, осум за возење под дејство на алкохол.
Изречени се две мерки за користење на мобилен телефон, три за нерегистрирани возила, 11 за прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли.
Од МВР информираат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.