Зоран Заев во одговор до ТВ Канал 5 на прашањето дали и како нашата Влада ќе реагира после новите случувања во Авганистан одговорил дека Авганистан се соочува со можна хуманитарна катастрофа и нашата Влада и дека ги информирал нашите стратешки партнери САД дека стоиме на располагање да помогнеме согласно нашите капацитети и потребите.
– Со цел да се спасат животите на локалното население, информиравме дека спремни сме да преземеме и прифатиме цивилно население од Авганистан кое изминативе 20 години работеше на мирот во таа земја, беше локална поддршка на сојузничките НАТО сили вклучително и на нашата армија, како и преземање и прифаќање активисти од демократските хуманитарни организации и од организациите за човекови права во Авганистан.
Подготвени сме да обезбедиме сместување во хотели и одморалишта за што оперативата и трошоците за време на нивниот престој, до обезбедување трајна дестинација, целосно би биле покриени од страна на САД
Ние сме солидарна земја, нашиот народ и нашето општество секогаш давале поддршка и помош исто како што сме добивале помош при огромни катастрофи.
Заеднички со САД ќе ги планираме идните чекори за натамошното постапување.
Во Авганистан во овој момент имаме и стотина македонски граѓани со кои е воспоставена комуникација, тие се чувствуваат безбедно, а компаниите за кои работат имаат обезбедено планови за евакуација.
Исто така, пријателски земји изразија подготвеност при евентуални организирани летови за евакуација да бидат на располагање и за граѓаните на Македонија, се вели во одговорот на Заев.