Подготовка: Денешен.мк
„Оние што ги бараат присилни начини за луѓето да примат вакцина против САРС КОВ 2 и тие што ги бараат вакциналните пасоши … прават многу повеќе штета кон довербата во вакцините отколку било кој друг“, вели д-р Мартин Кулдорф, еден од водечките светски епидемиолози. Во разговор со Јан Јекиелек, за EPOCH TV, глобална медиумска мрежа, д-р Кулдорф зборува за вакцините, варијантата Делта и зошто тој верува дека глобалниот одговор на КОВИД е „најголемото фијаско на јавното здравство во историјата“.
Д-р Мартин Кулдорф е професор по медицина на Медицинскиот факултет Харвард и биостатистичар и епидемиолог во болницата Бригам. Тој е еден од светските лидери во оваа научна област. Помогнак да се развие сегашниот систем на Центарот за контрола на болести за следење на потенцијалните ризици од вакцини во САД, и тој е исто така еден од коавторите на Големата Барингтон декларацијата, која зборува за фокусрина за „фокусирана заштита“ на најранливите, наместо заклучувања на цели држави. Целото интервју можете да го проследите на овој линк, но нас не интересира делот каде што зборува за мерките како што се нашите: забрана за влегување во ресторани и молови за невакцинираните, индиректната принуда за вакцинирање и сл.
ЈЕКИЕЛЕК: Споменавте дека луѓето се принудени да примат вакцина. Не знам дека некој во САД директно е принуден да го напраи тоа. Кажете ми што точно порачувате кога го зборувате тоа.
КУЛДОРФ: Постои притисок и за пасоши за вакцини и за примање вакцина. Ако луѓето сакаат да имаат работа и да останат на работа, од нив се бара да ја примат вакцината или ќе бидат отпуштени. Многу универзитети бараат вакцини за сите студенти. Значи, постојат овие присилби за вакцина и пасоши за вакцини. Во Њујорк, на пример, сега тие бараат од рестораните да бараат доказ дека луѓето што сакаат да влезат се вакцинирани. Тоа е принуда врз луѓето за да ги натерате да се вакцинираат. И тоа е многу лошо за јавното здравје. Моето прашање е: „Зошто ги присилувате луѓето кои се имуни или младите луѓе, кои имаат многу мал ризик, кога вакцините се многу повеќе потребни за постарите луѓе на други места?“
Значи, тоа е етички аспект. Мислам дека е многу неетички да се направи тоа.
Другиот аспект е дека ако ги терате луѓето нешто да направат, ако принудите некого да направи нешто, тоа може да се врати со спротивен ефект. Јавното здравје треба да се заснова на доверба. Ако службениците од јавното здравство сакаат јавноста да им верува, службениците од јавното здравство исто така треба да и веруваат на јавноста. Работам на вакцини скоро две децении. Едно нешто што отсекогаш сме се обидувале да го направиме е да ја одржиме довербата во вакцините. На пример, вакцините против морбили се многу важни, како и вакцините против детска парализа. Постои мала група луѓе кои се многу гласни, кои не сакаат вакцини, но тие навистина не успеаја да ја намалат довербата во вакцините. Во САД довербата беше многу висока и бевме многу успешни во одржувањето на таа доверба. Но, во моментов со овие присилби за вакцина и пасошите за вакцина, оваа принудна работа ги одвраќа многу луѓе од вакцините и тие веќе не веруват во нив од многу причини. „Зошто мораш да присилиш некого да ја прими вакцината, ако тоа ти е толку корисно?“
Тоа е едно образложение. Оние кои ги туркаат овие мандати за вакцина и вакциналните пасоши – јас би ги нарекол вакцинални фанатици – тие според мене направија многу поголема штета во текот на оваа една година отколку што направија антиваксерите за две децении. Јас дури би рекол дека овие вакцина-фанатици се најголемите антиваксери што ги имаме во моментов. Тие прават многу повеќе штета за довербата кон вакцината отколку било кој друг. Дури и ако успеат да принудат некого да ги прими вакцините против КОВИД, затоа што луѓето велат: „Добро, морам да ги примам вакцините затоа што треба да одам на универзитет или морам затоа што ја сакам таа работа или затоа што сакам да одам во ресторани“, дури и ако успеат да ги натераат тие луѓе да ја примат вакцината против КОВИД, тие ќе ја загубат довербата во јавното здравство и на тој начин нема да сакаат да ги примат други вакцини кои не се задолжителни. Така, има бранувачки ефекти во другите аспекти на јавното здравство, кои се многу жални. Јас сум родум од Шведска, па знам малку за таа земја. Шведска има една од највисоките стапки на вакцинација во светот и најголема доверба во вакцините. Но, апсолутно нема принуда. Едноставно не го прават тоа на тој начин. Тоа е целосно доброволно. Ако сакате да имате висока доверба во вакцините, тоа мора да биде доброволно. Не треба да има никакви принуди.