Бебето, родено пред три недели од општина Липљан, почина синоќа од последиците од Ковид 19, потврди директорката на Клиниката за неонатологија при УКЦ, Хајрие Исмаили.
Таа за „Коха“ изјави дека бебето било во сериозна здравствена состојба од денот на приемот и било ставено на механичка вентилација.
Според Исмаили, бебето не е родено со коронавирус, туку, врз основа на анамнезата, било утврдено дека целото семејство било заразено со Ковид -19.
Бројот на смртни случаи на Ковид -19 на Косово нагло се зголеми во последните недели, а 101 лице почина од коронавирус од почетокот на септември, вклучувајќи бремени жени и лица помлади од 40 години.