Времето денеска ќе биде претежно облачно, при што во југозападните делови на земјата ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец.
Максималните температури ќе се движат во интервал од 20 до 29 степени. УВ индексот ќе изнесува 5.
Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со дневна температура до 26 степени.
Од утре следува период на сончево и топло време, информира УХМР.