Зошто пред дивоградбата на Шилегов нема задолжителна табла- дали фирми добитници на тендери гратис му градат зграда дивоградба?- прашува ВМРО-ДПМНЕ.

– Градоначалникот во заминување, Петре Шилегов, кој вообичаено е арогантен и гласен, сега кога е фатен во незаконско градење на семејната зграда молчи и бега. Зошто пред семејната зграда дивоградба која интензивно се гради, нема табла на која ќе стојат имињата на фирмите изведувачи? Дали Шилегов ги крие затоа што нему му градат гратис, а тој им дава тендери од Градот и ги плаќа дебело со народни пари?- прашува опозициската партија.

Натаму во денешното соопштение се вели:

-Зошто цели институции се ставени во погон за да се заташка овој скандал? Во неработен ден сабота биле менувани документи, а гледаме дека инспекторот за урбанизам абер нема да отиде на увид на местото на дивоградбата, нити да провери дали висината на објектот е согласно ДУП, нити дали има соодветна документација. А сите на чело со Шилегов од петни жили се обидуваат да го заташкаат скандалот, ама не можат. Фатени се на дело, документирани и прашање на време е кога ќе понесат одговорност и Шилегов и пајташите кои пробуваат да го заштитат, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.