Заменикот директор на Универзитетскиот клинички центар во Ниш, д-р Радмило Јанковиќ, предупредува дека доколку сега не се реагира поради драматичното ширер на корона вирусот во Србија, наскоро ќе се соочат со ситуација во која „цела Србија ќе се зарази“.

Тој посочува дека притисокот врз здравствениот систем поради огромниот број пациенти кои имаат сериозни симптоми е таков што Србија нема избор.

“Елементарната логика вели дека треба да се преземат ригорозни анти-епидемиски мерки, кои вклучуваат ограничување на движењето, спречување контакти и можност за физичко ширење на вирусот. Ограничувања на собири на јавни места во затворени простории, клубови, кафулиња, па дури и продавници, освен таму каде што има основни потреби. Се разбира, со преминот кон работа и настава преку Интернет“, вели Јанковиќ и додава дека тие мерки би имале ефект за 15 дена, бројот на заразени лица би почнал да се намалува.

Србија во последните 24 часа има 6 412 позитивни од над 19 000 тетсови или 32 отсто. 51 лице починале. Србија со денови веќе има меѓу 32 и 35 отсто позитивни случаи од тестираните, а единствено разлилно од пред еден месец е наствата во училиштата со физичко присуство.

Во Србија со две дози се вакцинирани 42 отсто од населенито.

Јанковиќ смета дека во овој момент, самото вакцинирање нема многу да помогне без дополнителни мерки, што е можеби лекција за нашите власти, додека е време, да се премине барем на он-лајн настава, за да се спречи ударот кој неминовно ќе дојде и нас, а со цел д с еизбегат другите рестриктивни мерки кои ќе бидат сериозен удар врз економијата. .