Во Русија во изминатите 24 часа починале 936 луѓе како последица на Ковид-19, што е нов најголем број смртни случаи во еден ден од почетокот на епидемијата.

Стапката на вакцинација во таа земја е ниска, а Владата во Москва сеl уште не ги заострува рестриктивните мерки.

Трет ден по ред, бројот на починати во Русија надминува 900, соопшти Кризниот штаб.

Бројот на лица заразени и починати од последици од коронавирусот драстично се зголеми кон крајот на септември, а властите ја наведоа ниската стапка на вакцинација.

Во текот на денешниот ден се регистрирани уште 27.246 новозаразени лица, што е помалку од вчера.

Русија има најголем број смртни случаи од Ковид-19 во Европа, 214.000, а вкупно околу 7,7 милиони се инфицирани.

Околу 33 проценти од 146 милиони граѓани на Русија примиле барем една доза вакцина, а околу 29 отсто се целосно заштитени.

Кремљ одлуките за затворање и нови мерки им ги префрли на локалните власти.

Експертите наведуваат дека реалните бројки се значително поголеми.